Дома Фудбал Останато Најголемиот шок во изборот за најдобар играч во годината го дожвеа Нејмар

Најголемиот шок во изборот за најдобар играч во годината го дожвеа Нејмар

Во Лондон синоќа беше одржана ФИФА церемонијата „The Best“ на која се избираше најдобриот фудбалер во светот.

Во конкуренција за оваа награда беа Роналдо, Модриќ и Салах, а на крајот наградата беше доделена на Модриќ. Она што многумина ги изненади беше тоа што Меси заврши дури на петото место, но уште поголем шок беше пласманот на Нејмар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Нејмар минатото лето се пресели од Барса во ПСЖ за да стане најдобар играч во светот, но првата сезона и не му беше баш најдобра. Навистина, неколку месеци беше надвор од теренот поради повреда, но голем шок за сите беше тоа што Нејмар не доби нуте еден глас за изборот најдобар играч во светот.

Во изборот за оваа награда учествуваа селекторите и капитените на репрезентациите од целиот свет и поради тоа навистина е големо изненадување што никој не му даде глас на играчот на Бразил. Дури ни селекторот и капитенот на Бразил не му дадоја глас на Нејмар. Тите гласаше за Роналдо, Мбапе и Меси, а капитенот Миранда за Модриќ, Салах и Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судија на УЕФА приведен поради сомнеж за сексуален напад врз тинејџер

Судија на УЕФА се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад врз младо момче, јавув…