Дома Фудбал Останато АЊЕЛИ ПОТВРДИ: „Сакаме ново европско натпреварување и реформи во Лигата на Европа“

АЊЕЛИ ПОТВРДИ: „Сакаме ново европско натпреварување и реформи во Лигата на Европа“

Претседателот на Јувентус и Асоцијацијата на европски клубови, Андреа Ањели денеска на состанок на УЕФА истакна дека активно се работи на тоа да се направи уште едно европско натпреварување.

Покрај тоа, Италијанецот најави и потенцијални промени во Лигата на Европа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Многу европски клубови сакаат трето европско натпреварување. Нашата цел е да го смениме бројот на учесници во Лигата на Европа на 28 или 32 тима, а да имаме уште едно натпреварување во кои клубовите би можеле да играат.“

„Цел е да се пронајде баланс во спортот кој мора да остане најдобар во светот. Клубовите како Ајакс и Бенфика ја освојуваа Европа во 70. и 80. години, сега е комплицирано таквите клубови да се вратат во европскиот врв, бидејќи постои огромна разлика во однос на шпанските, англиските и германските клубови.“

„Фудбалот е многу еволвиран во изминатава деценија, една третина од заработката во фудбалот доаѓа од 12 најбогати клубови во светот. Знаеме дека фудбалерите не се машини и дека им треба одмор, така да првата точка од нашиот дневен ред ќе биде распоредот на натпреварите во 2020. година.“, смета Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сестрата на Кристијано Роналдо објасни зошто Португалецот не оди на погреби

Во португалскиот град Гондомар се одржа последното проштално збогување на Диого Жота и нег…