Дома Фудбал Италија 5.мај 2002: „Празник“ за Јувентус, кошмар за Интер! (ФОТО+ВИДЕО)

5.мај 2002: „Празник“ за Јувентус, кошмар за Интер! (ФОТО+ВИДЕО)

Ривалството помеѓу Јувентус и Интер е најголемо во Италија и едно од најголемите во светот, а еден од најпознатите моменти помеѓу овие два клуба се случи на 5. мај 2002 година.

Тогаш се беше подготвено Интер да ја прослави новата титула, но во последното коло видовме шокантен расплет на настаните. Интер беше лидер на табелата и потребно беше да го одработи уште тоа последно за да ја прослави титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И против Лацио добро започнаа поведоа со 0:1, водеа потоа и 1:2, но на крајот Лацио предводен од Симеоне и Карел Поборски направи пресврт и го победи Интер со 4:2. Јувентус кој од клупата беше предводен од Марчело Липи во исто време играше во Удине, „Старата дама“ го искористи поразот на Интер славеше со 0:2 и дојде до ново „Скудето“.

Солзите на Роналдо и Виери како и неверувањето на тренерот Хектор Купер брзо се раширија низ светот, па затоа 5. мај е како празник за сите навивачи на Јувентус.

Треба да се спомене и дека Интер во тој шампионат во последните пет кола испушти седум бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал спрема јануарска трансфер „бомба“

Арсенал сака да донесе врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Њукасл, Александе…