Дури ниту оние страствени љубители на фудбалот веројатно не слушнале за името Џеферсон Луис.
Овој 38 годишен фудбалер од Домениканската Република во својата кариера, верувале или не, промени 36 клубови и се уште нема намера да ја заврши кариерата која трае 21 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Луис игра на позицијата напаѓач. Оваа сезона играше за нисколигашите Банбуру Јунајтед и Ченшам Јунајтед, а во овој момент е во потрага по нов клуб.
Во главно овој фудбалер времето го поминува во нисколигашите. Но, успеа да запише и еден настап за репрезентацијата на Доменикана, а во последната изјава тврдеше дека проколнат.
„Како да сум проколнат. Кога потпишав за Вренхам, тренерот ми кажа дека доколку дојдев порано од мене ќе направел играч за Премиер лигата. Очигледно дека некаде погрешив“, изјави Луис.
Во последниот ангажман за Ченшам постигна пет погодоци на 11 натпревари