Спортскиот кошаркарски спектакл – турнирот „FIBA 3х3 Skopje City Mall 2k18“ ќе се одржи од 15 до 17 јуни, на катната гаража во Скопје Сити Мол
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Организаторите информираа дека терминот за одржување на настанот што претходно беше закажан од 1 до 3 јуни, е променет поради најавените поројни врнежи и лоши временски услови. Бидејќи настанот е предвидено да се одржува на отворено, лошите временски неприлики би ја оневозможиле неговата реализација на највисоко ниво.
Целосната програма и најавени активности ќе се одржат во новиот термин, а организаторите најавуваат вистински спортски спектакл кој никого нема да остави рамнодушен.
Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.