Дома Фудбал Италија Јувентус има само една желба – Зидан!

Јувентус има само една желба – Зидан!

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сака да го донесе во Торино.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, додека шпанските медиуми се убедени дека францускиот стручњак ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.

Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови и смета дека на лето ќе биде идеална шанса за тоа. Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го сменат Андреа Пирло со францускиот стратег.

Директорот Павел Недвед е во постојан контакт со својот пријател Зидан и го убедува да седне на кормилото на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Добра вест за Реал, Родриго тренираше после шест месеци

Реал Мадрид конечно добија позитивни вести во однос на тимската состојба. По цели шест мес…