Борусија Дортмунд и Салцбург се уште не можат да постигнат договор за трансфер на 20-годишниот Карим Адејеми, пренесува „Билд“.
Германскиот репрезентативец е прва трансферна цел на Борусија Дортмунд и веќе неколку месеци медиумите тврдат дека Адејеми се договорил со „милионерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Адејеми сака кариерата да ја продолжи во Дортмунд, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 45 милиони евра, додека Борусија е спремна да плати максимум 35 милиони евра.
„Билд“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба немаат прогрес веќе неколку недели и моментално преговорите се во застој.