Дома Трансфер зона Јунајтед спремен да потроши 120 милиони евра во финишот од преодниот рок

Јунајтед спремен да потроши 120 милиони евра во финишот од преодниот рок

Манчестер јунајтед се обидува на сите начини да се засили во завршницата на преодниот рок, а најголема желба на тренерот Ерик Тен Хаг е Ентони од Ајакс.

Ајакс одби понуда од 90 милиони евра и преговорите ќе продолжат викендов, а Ентони јасно кажа дека сака да си замине од Амстердам и да потпише за премиерлигашот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Ентони му пречи тоа што Ајакс ја одбил понудата од 90 милиони евра затоа што смета дека е доволно добра.

Ајакс, наводно, ќе прифати понуда од 95 милиони евра откако ќе договори замена за Ентони, а тоа ќе биде Хаким Зијех од Челси.

Бразилецот нема да биде последно засилување, затоа што Јунајтед го сака и Пјер-Емерик Обамејанг, кој сака да понуди 25 милиони евра плус бонуси колку што бара Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…