Покрај „ѓаволите“ во игра се уште Реал Мадрид и Тотенхем…
Како што пренесува „Гардијан“ Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да го доведе 17 годишниот фудбалер на Фулам Рајан Сесењон. Како што се наведува, „Специјалниот“ наскоро ќе се ослободи од Лук Шо, а на негово место ќе го доведе младиот Сесењон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува фудбалер за талентиран лев бек кој е опасен и во офанзивата.
Минатото лето Тотенхем покажуваше голем интерес за овој фудбалер, но наводно Фулам ја одбил понудата од 20 милиони фунти за неговите услуги, а според споманатиот медиум за Сесењон се распрашувал и Реал Мадрид.
Од англискиот клуб јасно порачаа дека понудите кои се под 30 милиони фунти нема ниту да ги разгледуваат.