Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по ѕвездата на Аталанта

Јувентус тргнува по ѕвездата на Аталанта

Раководството на Јувентус е силно заинтересирани за левиот бек на Аталанта, Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Аталанта следното коло му гостува на Јувентус во Торино и на тој меч скаутите внимателно ќе го следат изданието на Госенс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


26-годишниот Германец игра фантастична сезона, постигна 9 гола и запиша 6 асистенции на 28 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Јувентус сака да ја засили левата бековска позиција бидејќи нема алтернатива за Алекс Сандо, па смета дека Госенс би бил идеално засилување.

Меѓутоа, Јувентус ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи Интер веќе подолго време е заинтересиран за играчот. Моменталната цена на Госенс изнесува 20 милиони евра и Аталанта нема да разгледува пониски понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…