Дома Фудбал Италија Јувентус не сака уште една лоша сезона: Во Торино ќе има големи промени

Јувентус не сака уште една лоша сезона: Во Торино ќе има големи промени

Tимот на Јувентус не сака да заостанува во однос на ривалите и во наредната сезона како што тоа беше случај во оваа сезона, кога во ниту еден момент сериозно не се вклучи во битката за Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По една деценија доминација, Јувентус минатата година ја загуби титулата од Интер, а оваа сезона „бјанконерите“ останаа без ниту еден трофеј.

Ваквата ситуација е причина раководството на Јувентус да спрема големи промени во наредната сезона. Наредната сезона во дресот на Јувентус нема да ги гледаме Паоло Дибала и Џорџо Киелини, а најверојатно и Федерико Бернардески.

Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на Пол Погба е завршен, а Анхел Ди Марија наводно е блиску до Торино, се поврзуваше „старата дама“ и со Хрватот Иван Перишиќ.

Можна опција за засилување е и дефанзивецот Арсенал, Габриел Магалхаес. Преговорите со „топџиите“ околу трансферот на овој фудбалер се во тек и работата би можела наскоро да биде завршена.

Покрај Габриел, со Старата дама во преговори е уште еден бразилски дефанзивец. Левиот бек на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди, долго време е голема желба на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Светот повторно се воодушеви од дисциплината и културата на јапонските навивачи. Како ПАМЕ…