Тимовите на Јувентус и Челзи спремаат интересна размена на леви бекови, пренесува „Газета дело Спорт“.
Јувентус е заинтересиран за Емерсон Палмери, а во спротивна насока може да го испрати Рожерио, кој оваа сезона има одлични настапи во Сасуоло, каде игра како позајмен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус овој месец ќе се раздели со Леонардо Спинацола, кој треба да замине на позајмица во Болоња, па бара негова замена.
Тренерот Алегри смета дека Емерсон Палмери ќе биде идеална замена за Алекс Сандро, со оглед дека добро ја познава Серија А од времето кога играше за Рома.
Јувентус е спремен да го испрати Рожерио во Лондон и да доплати 10 милиони евра за потписот на Палмери.
Emerson Palmieri torna nel mirino della Juve: può sbloccare Spinazzola https://t.co/02r8oROhw8 pic.twitter.com/iX7P4KsbT3
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 14, 2019