Јувентус е заинтересиран за Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах, кој е син на легендарниот играч на „старата дама“ Лилијан Турам.
Младиот Турам сезонава е во фантасична голгетерска форма и на 37 натпревари за Борусија постигна 14.голови и запиша девет асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој во Бундеслигата дојде минатото лето од редовите на Гингамп за 9 милиони евра, цифра која сега драстично скокна со неговите добри партии.
Таткото на Турам го носеше дресот на Јувентус од 2001 до 2006 година, па Јувентус веќе стапил во контакт со него и сака да го донесе во Торино.
Маркус Турам всушност и голем период од детството го мина токму во Торино, а неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.