Откако повторно ги прекрши правилата за изолација, напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се наоѓа во големи проблеми.
Имено, тој на Инстаграм објави фотографија како се забавува со пријателите, а со тоа ги прекршил сите поставени протоколи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова не е прв пат да ги прекрши правилата, па јасно е дека му се подготвува казна од неговиот клуб.
Сепак, тоа можеби нема да биде се, бидејќи како што пренесуваат шпанските медиуми, казна подготвува и Ла Лига, но се уште не е познато во која форма.
Јовиќ со своето однесување го загрози продолжението на првенството во Шпанија, бидејќи Ла Лига од Владата доби јасна порака дека еден од главните услови за продолжување на првенството е почитување на протоколите за дистанцирање.