Дома Актуелно Јирген Клоп искрен: Сите клубови трошат многу пари, па мора и ние!

Јирген Клоп искрен: Сите клубови трошат многу пари, па мора и ние!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е познат како човек што секогаш го кажува тоа што го мисли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот ги предводеше Црвените до титулата во ЛШ, а целта за следната сезона е освојување на првенството, за кое Ливерпул чека цели 30 години.

Црвените претходните години потрошија многу пари на засилувања, а Клоп признава дека на тоа едноставно се принудени, бидејќи и другите трошат многу.

„Секој клуб троши многу пари и ние едноставно мораме да го направиме истото.“ – изјави Клоп за ZDF, и додаде:

„Ливерпул е амбициозен клуб и ако не вложиме исто пари како и останатите, нема да бидеме конкурентни. Сите клубови трошат немилосрдно па и ние сме принудени да го направиме истото.“

Најскапото засилување во историјата е Вирџил ван Дајк за кој платија 77 милиони фунти, а потоа следуваат Алисон, Кеита, Бентеке, Фабињо, Салах, Мане…

Пред Клоп и Црвените е голем предизвик во обидот за одбрана на титулата во ЛШ, но секако дека прва цел е освојување на лигашката титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Колку заработи судијата Славко Винчиќ на Светското првенство?

Словенечкиот арбитер Славко Винчиќ имаше чест да суди на најголемиот фудбалски натпревар г…