Жерард Деулофеу своевремено важеше за еден од најголемите таленти во светот, додека беше дел од „Ла Масија“.
На Деулофеу му се предвидуваше блескава кариера на „Камп Ноу“, но тоа не се случи. Тој својата кариера ја градеше во Премиер лигата каде играше за Евертон и Ватфорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имаше една успешна епизада во Милан, а сега покажува одлични партии во дресот на Удинезе, каде ја „оживеа“ својата кариера.
Шпанецот сега по трет пат може да се врати на Островот бидејќи Вест Хем покажува силен интерес. „Чеканите“ се спрмени да испратат понуда за 27-годишниот крилен фудбалер.
Вест Хем веќе е во напредни преговори со агентот на Шпанецот, а Деулофеу дал согласност за трансферот.