Легендарниот голман Виктор Валдес кој најголемиот дел од својата кариера го помина во редовите на Барселона денес се занимава со нешто ново.
Валдес започна во младинскиот погон на Барселона во 1992 година, потоа три години помина во Тенерифе, за во 2000 година да се врати во Барселона каде што подоцна ги помина и најдобрите денови од својата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот голман со тимот од Каталонија освои се што можеше да се освои, за во 2015 година да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, а кариерата ја заврши во Миделсброу во 2017 година.
Валдес по завршувањето на кариерата се занимава со нешто друго, тој креираше апликација која се нарекува „Hola Dating“.
35 годишниот голман на овој начин сака да им помогне на луѓето да ја пронајдат својот сродна душа.
„Со оваа апликација не ви е потребна храброст да пријдете на некого. Доволно да ја симнете апликацијата“, изјави Валдес.