Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ неодамна го напушти Манчестер Јунајтед и одлучи кариерата да ја продолжи во САД, во дресот на ЛА Галакси.
Дербито на Ибра за Галакси не можеше да помине подобро бидејќи со два гола направи пресврт и донесе победа во градското дерби против Лос Анџелес. Швеѓанецот за кратко време стана миленик на навивачите на Галакси и јасно е дека ужива моментално во Лос Анџелес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Искусниот напаѓач го користи времето да следи и други спортови, а пред неколку дена беше на кошаркарски натпревар каде имаше прилика да го запознае легендарниот Шекил О’нил. Нормално, Ибра оваа средба ја објави на Инстаграм со интересен опис.