Дома Останати Што се случува во Вардар!? – Македа се сели во Германија, откриена и причината!

Што се случува во Вардар!? – Македа се сели во Германија, откриена и причината!

Како што сега стојат работите, Вардар наредната сезона ќе има целосно поинаков тим.

После Раул Гонзалес кој сигурно заминува во ПСЖ и најавите за заминување на Абутовиќ, Арпад Штербик и Лука Цидриќ, денес „Марка“ пренесува дека и Хорхе Македа е пред напуштање на „црвено-црните“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лука Циндриќ преминува во Кјелце, Арпад Штербик веројатно ќе биде нов ракометар на Веспрем, Абутовиќ би можел да заврши во Рајн Некар, додека Гонзалес се договори со ПСЖ.

Денешното издание на „Марка“ пренесува и дека Шпанецот Македа би можел да премине во Германија, поради неговата сопруга Макарена Агилар која настапува за германски Турингер.

„Ракометарот на Вардар, Хорхе Македа од наредната сезона ќе настапува во Германија. Причина за ваквата одлука на ракометаро е неговата сопруга, а како најсеризоен кандидат за неговите услуги во овој момент е германскиот гигант Рајн Некар Левен“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пелистер пружи добар отпор на силната Барселона

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од повеќекратниот европски првак Барсел…