Дома Фудбал Останато Шпанскиот репрезентативец живее во соба од 5 квадрати и вози Опел Корса

Шпанскиот репрезентативец живее во соба од 5 квадрати и вози Опел Корса

spain

Младиот шпански фудбалер, Родри е еден од главните ѕвезди за иднина на оваа селекција, ги брани боите на Атлетико Мадрид и сите индикации се дека ќе стане фудбалер од врвна класа.

„Луѓето не можат да веруваат кога ќе го погледнат Родри, кога веќе играше во Ла Лига, како оди дома во својата студентска соба. Се чувствуваат чудно играјќи пинг-понг со фудбалската ѕвезда или кога ќе погледнат во пералната“, изјави неговиот пријател, Валентин Хенархо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Но, кога ќе го запонаат, се ќе им биде јасно. Обожава друштво, може со часови да зборува со луѓето само седнат на креветот. Не му е важно кој се, од каде се, единствено што му е важно е да се пријатни за разговор“.

„Таков е, многу скромен човек. Еве ви пример, до неодамна возеше Опел Корса кој ја купи од една жена кога положи возачки испит. Му рекоа во клубот да купи нов, подобар автомобил, за посигурно да патува до тренинг центарот, но не му беше јасно зошто да троши пари за автомобил“.

„Напротив, во една прилика ми се пожали дека мисли дека нашите пријатели се луди, бидејќи купуваат скапи автомобили, нему не му е важно да го доведат од точката А до точката Б. До ден денеска, ништо не се промени, тренира, патува на натпревари, одмара и студира колку што обврските му дозволуваат“, објасни Хенархо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…