Старо-новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес ја имаше првата пресконференција после неговото враќање на кормилото на „кралскиот“ клуб. Очекувано францускиот стратег зборуваше дипломатски и не им даде многу вести и повод за шпекулации на медиумите. „Остануваат 11 меча до крајот на сезоната, играчите се мотивирани, а трите одработени тренинзи протекоа одлично. Има динамика, интензитет и тоа е најважното. …