Дома Фудбал Напаѓачот на Реал Мадрид повторно се враќа во Леванте

Напаѓачот на Реал Мадрид повторно се враќа во Леванте

Играчот на Реал Мадрид, Борха Мајорал ќе помине уште една сезона на позајмица во Леванте.

22-годишниот напаѓач минатата сезона во дресот на овој тим одигра 34 натпревари и постигна 5 погодоци, а после тоа се врати во Реал Мадрид.

Сепак, Леванте посакуваше со сите сили да го донесе на позајмица и за новата сезона иако се пишуваше дека би можел да премине во Реал Сосиедад, меѓутоа овој клуб не сакеше да плати 15 милиони евра.

Леванте нема да има право да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната и тој сигурно ќе се врати назад во Мадрид. Моментално за него нема место во екипата на Реал, каде конкуренцијата е многу голема, па ова е најдобрата опција за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …