Дома Фудбал Галатасарај не прифати 130 милиони евра за Осимен

Галатасарај не прифати 130 милиони евра за Осимен

Галатасарај одби понуда вредна 130 милиони евра за Виктор Осимен, која пристигна преку посредник кој го претставува Ал-Хилал, објави Флоријан Плетенберг.

Турскиот шампион јасно истакна дека Осимен не е на продажба и дека нема намера да отвора преговори за неговo потенцијално заминување.

Осимен е 27-годишен нигериски напаѓач кој се афирмираше во Наполи, со кој во 2023 година ја освои титулата во Италија. Со години е еден од најбараните напаѓачи на европскиот фудбалски пазар, а во Галатасарај важи за клучен играч на тимот.

Трансфер од 130 милиони евра би бил осмиот најскап трансфер на сите времиња и највисокиот надвор од Премиер лигите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот од Мундијалот жали поради славата: Би го избрал стариот живот

Возинха, 40-годишниот голман на Зеленортските Острови и еден од хероите на последното Свет…