Дома Фудбал Хамес после две години повторно тренира со Реал, Атлетико песимист за трансферот

Хамес после две години повторно тренира со Реал, Атлетико песимист за трансферот

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез се појави на денешниот тренинг на „кралевите“.

Колумбиецот се врати во Реал после двегодишна позајмица во Баерн Минхен и неговата иднина се уште е нејасна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хамес доби поголем одмор поради настапот на Копа Америка, па денес се врати на тренинзите заедно со Каземиро и Милитао.

За Хамес силен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Наполи, меѓутоа „јорганџиите“ се песимисти за реализација на трансферот бидејќи Реал не сака да го даде играчот на градскиот ривал.

Од друга страна пак Наполи го сака Хамес на позајмица, опција која не му се допаѓа на „кралевите“ и поради тоа големи се шансите Колумбиецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…