Дома Фудбал Бартомеу: Мораме да мислиме на ерата после Меси

Бартомеу: Мораме да мислиме на ерата после Меси

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е свесен дека првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси нема да игра вечно.

Меси веќе влезе во четвртата деценија од животот, па Бартомеу призна дека клубот размислува за ерата после неговото пензионирање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Наша должност е да мислиме за ерата после Меси. Веќе планираме, доведовме нови фудбалери. Како претседател се надевам Лео да биде со нас уште долги години, но треба да мислиме на промената кога ќе престане да игра фудбал“, изјави Бартомеу.

Договорот на Меси со Барселона истекува во 2021 година, кога Аргентинецот ќе има 35 години. Каталонските медиуми тврдат дека раководството ќе му предложи „отворен договор“ да игра додека сам не одлучи да стави крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…