Дома Македонски спорт Мак ракомет Чупиќ: Ова нема смисла, ЕХФ има двојни аршини

Чупиќ: Ова нема смисла, ЕХФ има двојни аршини

Иван Чупиќ упати остри критики кон ЕХФ, откако европската ракометна федерација одложи два натпревари на „црвено-црните“ во Лигата на шампиони.

Вардар две кола по ред не игра во Лигата на шампионите бидејќи Елверум и ПИК Сегед од разни причини не можеа да играат. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар само тренираат и се огорчени што не можат да играат натпревари.

„Тоа нема никаква смисла, работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата. Подобро воопшто да не се игра ако е вака, бидејќи не е регуларно“, изјави Хрватот.

„Жално е што на сето ова молчат клубовите и играчите, тоа никако не е во ред, бидејќи на крај тоа нив ќе им се одбие од глава со ваков ритам на играње. Клубовите од ЕХФ не добија ништо за поддршка во време на корона кризата, а со ваков однос од нивна страна, работата само им се отежнува“, заклучи Чупиќ.

„Фудбалот можеше да ја игра завршницата на едно место, без публика. Можевме и ние, а не го направивме тоа. Тие велат дека спонзорите им се важни, па зарем УЕФА нема спонзори. Знам, не е добро да го споредуваме фудбалот со било кој друг спорт, но сепак мора да има ред. Зошто Елверум не можеше да дојде во Скопје, а можеше Хајдук или Тотнем да играат против Ренова и Шкендија? Ова нема никаква смисла. Или нека се прекине ова, или сите нека добијат исти услови“, заврши десното крило на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…