Ракометарот кој остави длабока трага во Вардар, Иван Чупиќ на 38 години ќе стави крај на кариерата.
Чупиќ веќе има 38 години и по две децении како професионалец во кој го носеше дресот на Метковиќ, Медвешчак, Октавиа Виго, Горење Велење, Рајн Некар, Кјелце, Вардар и Загреб се одлучи дека е време за крај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дресот на Вардар Чупиќ го носеше од 2016 до 2021 година и во тој период освои две европски титули, четири шампионски титули во Македонија, три пехари во Купот и три победи во СЕХА лигата.
Во своите најдобри денови Чупиќ важеше за еден од најдобрите во светот на својата позиција, доказ за тоа е и бројката од 810 гола во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Хавратска освои седум медали на големите натпреварувања.