Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Работник, Иван Чупиќ и Ловро Јотиќ се најдоа во тимот колото на Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ.
Чупиќ во победата на Вардар над Порто од 32:27 учествуваше со дури седум постигнати голови. Седум голови постигна и Јотиќ во поразот на Еурофарм од 24:25 од Савехоф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идеален тим на 2.коло во ЛШ во избор на ЕХФ:
Лево крило: Себастијан Бартолд (Алборг)
Лев бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)
Плејмејкер: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Харалд Раинкинд (Кил)
Десно крило: Ива Чупиќ (Вардар)
Пивот: Хендрик Пекелер (Кил)
Голман: Жоан Ледо Менендез (Бидасоа).