Англискиот гигант Челзи сака да го засили средниот ред на екипата, а на листата со желби се наоѓа Мојсе Каиседо од Брајтон кој ќе ги чини над 75 милиони фунти.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ се заинтересирани за Каиседо, кој во минатото соработуваше со тренерот Грем Потер кој добро го познава и сака да го има во екипата.




Челси во моментов се соочува со сериозни проблеми во средината на теренот затоа што се повредени Канте, Закарија и Лофтус-Чик, додека Жоржињо не игра на врвно ниво.




На листата со желби на Челси се наоѓаше и Енцо Фернандез, меѓутоа Бенфика не попушти и сакаше 120 милиони евра за неговиот трансфер.




До крајот на преодниот рок има помалку од две недели, а Челси ќе се обиде да комплетира уште некое засилување.