Ромелу Лукаку ќе се врати во Интер на едногодишна позајмица, а Челзи веднаш почна да бара негова замена.
Најголема желба на тренерот Тухел е бразилскиот репрезентативец, Ричарлисон, кој е на излезна врата од Евертон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Евертон имаше лоша сезона и се бореше за опастанок, а Ричарлисон сака да направи чекор напред и да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.
Напаѓачот има договор до 2024 година, а Евертон за неговата слобода бара 60 милиони евра.
Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Бразилецот силен интерес покажува и Тотенхем.