Раководството на Баер Леверкузен му постави краен рок на Челзи за финализирањето на трансферот на Каи Хаверц.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Билд“ рокот истекува на 28-ми август, кога „фармацевтите“ ги започнуваат припремите за новата сезона.
На сличен начин Борусија Дортмунд му постави ултиматум на Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо, кој истекуваше на 10 август.
Челзи подолго време е во преговори за трансфер на Хаверц, а медиумите тврдат дека играчот веќе има договор со „сините“.
Леверкузен го цени младиот Германец на 90 милиони фунти, додека Челзи не е спремен да плати повеќе од 70 милиони фунти.