Чави Симонс беше еден од фудбалерите кои го привлекоа вниманието на Европското првенство и поради тоа го привлече вниманието на неколку клубови, а еден од нив изгледа тргнал посериозно во акција.
Француските медиуми пренесуваат дека во Баерн одлучиле во наредните денови да го завршат трансферот на Симонс. Минатата сезона за Баерн беше големо разочарување, па затоа сега тргнаа во целосна реконструкција на екипата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците веќе ги доведоа Микел Олисе и Жоао Палиња, но тука нема да биде крајот на засилувањата. Во Баерн Симонс го гледаат како одлично засилување и најавите се дека преговорите одат во добра насока.
Претходно како опција за Холанѓанецот се споменуваше и Лајпциг кој како и Баерн сакаше да го доведе на позајмица со право на откуп. Најавите се дека Баерн по позицијата е спремен да плати и 90 милиони евра.