Дома Фудбал Стартот за кој Ноер го доби првиот црвен картон во кариерата (Видео)

Стартот за кој Ноер го доби првиот црвен картон во кариерата (Видео)

Легендарниот германски голман Мануел Ноер вчера го доби својот прв црвен картон во кариерата и за првпат беше исклучен од натпревар на свои 38 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бајерн, во Минхен, во осминафиналето на Купот на Германија, ја пречека екипата на Бајер од Леверкузен во големото дерби, а Ноер беше исклучен веќе во 17. минута.

Истрча Ноер на 25 метри од голот по една долга топка и со жесток старт го сруши противничкиот играч.

Ноер не можеше да се запре и во спринтот се закова во играчот кого го сруши на теренот, а судијата немаше друг избор освен да му го покаже патот до соблекувалната.

Инаку, Леверкузен стигна до победа од 1:0 со голот на Натан Тела и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Германија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …