Дома Фудбал Останато Чави освои уште еден трофеј како тренер

Чави освои уште еден трофеј како тренер

Легендата на Барселона во своите играчки денови освои дури 32 трофеи.

Но, бројот на неговите титули расте и откако стана тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иконата на Барселона денес го предводеше Ал Сад до победа во катарскиот куп во кој неговиот тим за титулата играше против Ал Духаил и славеше со 2:0.

Денешниот трофеј беше петти за Чави во неговата тренерска кариера која ја започна во 2019 година. Наскоро во колекцијата Чави ќе го додаде и трофејот од првенството на Катар со оглед дека има 13 бодови предност на врвот на табелата пред Ал Духаил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Серхио Рамос подготвен да ја купи Севиља

Приказната за продажба на Севиља трае веќе неколку месеци, но последните денови на старата…