Дома Фудбал Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото последователно Светско фудбалско првенство, започна вистински домино-ефект.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Габриеле Гравина и Џанлуиџи Буфон веќе ги напуштија своите функции, а „Кориере дела Сера“ пишува дека селекторот Џенаро Гатузо е пред заминување! Шансите да остане на клупата се сѐ помали, а по заминувањето на Буфон, практично се сведени на минимум.

Наредните часови ќе бидат клучни за расплетот на целата ситуација, а Гатузо моментално преговара за завршните детали на раскинот на договорот, особено за статусот на членовите на стручниот штаб и нивните плати до јуни.

Неуспехот во квалификациите донесе и финансиски загуби, Италијанците останаа без околу милиони евра награда, но многу поголем проблем е спортскиот удар. Се чини дека италијанската репрезентација ја очекува голема реконструкција…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …