Дома Останати Ракомет Спектакл во Охрид: Олимпијакос го чека пекол!

Спектакл во Охрид: Олимпијакос го чека пекол!

Македонскиот ракометен прволигаш Охрид е на чекор до историски успех на европска сцена. Во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европската лига, охриѓани на домашен терен ќе го пречекаат грчки Олимпијакос во салата „Билјанини Извори“, каде се очекува атмосферата да биде на високо ниво и трибините да бидат исполнети до последното место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поддршката од публиката ќе биде дополнителен мотив за „гладијаторите“, кои ќе се обидат да го задржат водството и да обезбедат место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето.

Охрид во овој дуел влегува со солидна предност од пет гола, стекната на првиот натпревар во Атина, каде што славеше со 31-26, што им дава реални шанси за пласман во полуфиналето.

Решавачкиот натпревар е закажан за сабота со почеток од 18 часот во спортската сала „Билјанини Извори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од најважните ракометари на Охрид си замина за да игра во Полска!

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид, соопштија од македонс…