Дома Фудбал Чави е кадидат за Јунајтед, Романо ја објасни ситуацијата!

Чави е кадидат за Јунајтед, Романо ја објасни ситуацијата!

Шпанецот Чави Хернандез е подготвен да се врати на тренерското место и се фокусира на англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми споменуваат дека поранешниот фудбалер и тренер на Барселона е еден од главните кандидати за позицијата во Манчестер Јунајтед.

Сепак, и покрај извештаите кои укажуваат дека преговори се во тек, најпознатиот фудбалски инсајдер се обидува да ја разбистри целата ситуација.

Романо потврди дека, иако Чави е во интерес на клубот, но во моментов нема директен контакт меѓу двете страни.

За потсетување, Чави не е активно вработен две години, откако замина од Барселона.

Романо наведува дека Чави се одмори и активно бара нов проект, додавајќи дека поранешниот играч на Барселона “би сакал” да работи во Премиер лигата.

Како што е познато, пред неколку дена Манчестер Јунајтед го разреши Рубен Аморим од позицијата тренер на тимот од Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звездата на Англија се разболe пред четвртфиналето со Норвешка

Англиската репрезентација се соочува со здравствени предизвици пред четвртфиналниот дуел н…