Дома Фудбал Чави пред враќање на работа – наскоро почнуваат преговори со клуб од Премиер лигата

Чави пред враќање на работа – наскоро почнуваат преговори со клуб од Премиер лигата

Овие денови англиските медиуми носат интересни вести поврзани со иднината на некогашниот тренер на Барселона, Чави Хернандес.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според достапните информации, Чави наскоро би можел да се врати на тренерската работа, и тоа на клупата на еден клуб од англиската Премиер лига.

Станува збор за Тотенхем, кој наводно разгледува сериозни промени во стручниот штаб поради послабите резултати во последниот период.

Актуелниот тренер Томас Франк се најде под притисок, а управата на клубот бара решенија кои би можеле да донесат стабилност и подобри резултати.

Во тој контекст, името на Чави сѐ почесто се споменува како потенцијално решение за лондонскиот клуб.

Извори блиски до клубот тврдат дека во Тотенхем сериозно разгледуваат ангажман на поранешниот тренер на Барселона.

Се наведува дека спортскиот директор Фабио Паратичи веќе е подготвен да започне првите разговори со претставниците на Чави.

Преговорите, според сѐ изгледа, би можеле да почнат многу брзо, можеби дури и пред крајот на оваа година.

Тотенхем сака да реагира навремено за да избегне понатамошен пад на формата и резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва е трпелив – чека понуда само од еден клуб!

Легендарниот Португалец освои се што може да се освои со Манчестер Сити, а на крајот од ов…