Дома Фудбал Каков лапсус на Бразилците: Во документарецот за Роналдињо го пензионираа Нејмар! (Видео)

Каков лапсус на Бразилците: Во документарецот за Роналдињо го пензионираа Нејмар! (Видео)

Пред неколку дена беше објавен документарец фокусиран на незаборавниот бразилски фудбалер Роналдињо, при што една од познатите личности што се појавија беше и Нејмар. Сепак, многумина се зачудени од неверојатната грешка направена поврзана со играчот на Сантос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдињо ја заврши својата кариера во 2018 година, и неговите успеси се навистина импресивни, бидејќи освои скоро сè што можеше, како во клупските, така и во репрезентативните натпревари.

Голем број луѓе го сметаат за последниот фудбалски волшебник што сме го гледале, а најмногу го паметиме по неговите настапи за Барселона.

На „Нетфликс“ неодамна беше прикажан документарен филм во чест на Роналдињо кој привлече огромно внимание.

Во документарецот, покрај бројни негови соиграчи, учествуваше и Нејмар.

Но, целото внимание го привлече една неверојатна грешка направена токму за Нејмар во филмот.

Играчот на Сантос беше обележан како поранешен бразилски фудбалер, како да веќе ја завршил кариерата, што во Бразил предизвика големо незадоволство.

Посебно издвоија дека е тоа непростлива грешка, и тоа во миг кога се одлучува дали Карло Анчелоти ќе го повика Нејмар да игра со Бразил на претстојното Светско првенство.

И покрај тоа што Нејмар игра извонредно во дресот на Сантос, тој не беше повикан за мартовските пријателски натпревари.

Се очекуваше Анчелоти да го викне Нејмар, но тоа не се случи, и останува последна можност да биде на конечниот список за Светското првенство, кој ќе го објави селекторот на Бразил средината на мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …