
Како што пренесуваат англиските медиуми, ништо нема да биде од доаѓањето на Хаби Алонсо на клупата на Ливерпул на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арне Слот е човекот кој наводно ќе остане тренер на Ливерпул и следната сезона, а тој веќе отпишал четири ѕвезди и ги стави на трансфер листа пред преодниот рок кој доаѓа ова лето.
Со оглед на тоа што заминувањето на Мо Салах од Енфилд веќе е потврдено, Слот е во потрага по играч кој ќе го замени.
Меѓу играчите кои се поврзуваат со доаѓање на Енфилд се Микоел Олис, Бредли Баркола и Франциско Консеисао.
Минатото лето Ливерпул изгуби некои важни играчи како Трент Александер-Арнолд, потоа Луис Диаз и Дарвин Нуњез.
Секако, имаше и доаѓања, а на Енфилд пристигнаа некои големи имиња како Александар Исак, Хуго Екитике, Флориан Вирц, Џереми Фримпонг и Милош Керкез.
Само Хуго Екитике, од новите играчи, го оправда епитетот засилување во досегашниот дел од сезоната. Исак имаше проблеми со повреди, а Вирц не успеа да се вклопи во Премиер лигата.
И покрај тоа што минатото лето трошеа скоро 500 милиони евра на седум играчи, Редсите ќе трошат и следното лето.
Сепак, како што тврдат новинарите на Сан, четири играчи на Ливерпул веќе биле отпишани од Арне Слот.