Дома Фудбал Заради еден човек кариерата на Душан Влаховиќ е ‘заклучена’ – “Бара огромни пари за себе”

Заради еден човек кариерата на Душан Влаховиќ е ‘заклучена’ – “Бара огромни пари за себе”

Душан Влаховиќ е подготвен да потпише нов договор со Јувентус. Преговорите помеѓу двете страни се одржаа неделава, но и покрај фактот што сè беше спремно за продолжување на соработката, се појави огромен проблем.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанците тврдат дека работата ја расипал човекот кој се грижи за кариерата на српскиот напаѓач – агентот Дарко Ристиќ. Тој бара огромна сума за себе за да ја заврши работата во наредниот период.

“Постои огромен проблем кој го блокира процесот. Тоа е агентот Дарко Ристиќ, кој бара огромна сума за себе, за да заврши сè околу договорот. Смета дека ќе заработи повеќе ако Влаховиќ потпише за некој друг клуб,” наведува Газета дело Спорт.

Нов состанок е закажан за наредната недела. Јувентус ќе се обиде да го добие конечното ‘да’, но за сега потписот на српскиот напаѓач е неизвесен.

Душан се согласи да игра за седум милиони евра на годишно ниво. Ќе добие договор на две години.

Пред неколку дена во игра повторно се вклучи и АЦ Милан. Росонерите нудат иста сума, но подолг договор. Ристиќ наводно преферира преселба на Сан Сиро поради повеќе парите што го очекуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …