Барселона вчера го победи Наполи (4:2) во Лигата на Европа и така ја потврди одличната форма во која што се наоѓа.
Каталонците повторно беа ефикасни, а тренерот Чави Ернандез после натпреварот имаше само пофални зборови за Френки Де Јонг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Станува се подобар и подобар, покажува голем напредок. Тој е гениј“, изјави Чави.
Де Јонг во 2018 година пристигна во Барселона, а вчера постигна одличен гол во првото полувреме. Неодамна се појавија информации дека кариерата би можел да ја продолжи во германскиот гигант Баерн, но јасно е дека од тоа нема да има ништо.
Сезонава Де Јонг собра 31 настап во сите натпреварувања, постигна четири гола и подели две асистенции.