Како и што се најавуваше Клас Јан Хунтелар е нов играч на Шалке.
Германскиот бундеслигаш ја потврди позајмицата на Хунтелар до крајот на сезоната. Хунтелар доаѓа на позајмица од Ајакс и ќе се обиде да му помогне на клубот од Гелзенкирхен да избори опстанок.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Дојдов за да му помогнам на Шалке да избори опстанок. Ова е клуб кој припаѓа на фудбалската елита во Германија. Ќе направам се за клубот да ја оствари целта“, изјави Хунтелар.
За Хунтелар ова ќе биде втор мандат во Шалке во претходниот настапи на 240 натпревари, постигна 126 гола и подели 35 асистенции.