Дома Топ вести Хрватските медиуми со пофални зборови за македонскиот капитен: Ристовски на позицијата централен бек е нешто што му дава поголема димензија на тимот

Хрватските медиуми со пофални зборови за македонскиот капитен: Ристовски на позицијата централен бек е нешто што му дава поголема димензија на тимот

Во првиот европски натпревар оваа сезона, ДИНАМО ја декласира казахстанска Астана со 4:0, оставајќи му на ривалот само теоретска можност да се пласира во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.

Хрватски Индекс во својата анализа имаше пофални зборови за играта на Ристовски на новата позиција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Улогата на Стефан Ристовски може да биде патоказ за Бишчан за продолжението на сезоната. Стандардниот десен бек на Динамо исто како и против Хајдук играше во средината на одбраната.

Бишќан и претходно го користеше Македонецот како стопер, но најмногу на дерби натпреварите како лек за Марко Ливаја, кому помалку му одговараат пониски и помоторни дефанзивци отколку „крупни“ стопери.

Бишчан реши да го стави Ристовски на стопер во натпревар во кој Динамо имаше доминација и посед, токму како што се очекуваше против сите клубови во ХНЛ, освен Хајдук, Риека и Осиек, особено на домашен терен.

Ристовски е брз и одлично може да ја покрие длабочината зад бековската линија, особено ако се земе предвид дека Доминик Ливаковиќ е голман на кој истрчувањата не му се јака страна.

Целата анализа на Индекс.хр прочитајте ја ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…