Дома Видео Хит остана во живот, Батлер беше сензационален

Хит остана во живот, Батлер беше сензационален

Мајами Хит остана во игра за титулата во НБА лигата. Во третиот натпревар од големото финале тимот од Флорида го победи ЛА Лејкерс со 115:104 и така намали на 2:1 во серијата.

Хит потполно заслужено стигна до првата победа во големото финале. Имаа водство од почетокот на натпреварот, а на стартот од третата четвртина имаа и максимални +14 (68:54).

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Лејкерс се врати и успеа да намали на 89:91 на стартот од последната четвртина, но Хит успеа да се врати со одлична игра во финишот и дојде до двоцифрена предност за конечни 115:104.

Натпреварот на кариерата го одигра Џими Батлер кој оствари трипл дабл со 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

На другата страна стандардно најдобар беше Леброн Џејмс со 25 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Никола Јокиќ втор пат по ред играч на неделата (Фото)

Никола Јокиќ, центарот на Денвер, втор пат по ред е прогласен за најдобар играч на неделат…