Манчестер Сити ќе направи нов обид на лето да го донесе Хари Кејн во своите редови, пренесуваат медиумите на Островот.
„Граѓаните“ во текот на летото испратија неколку богати понуди за Кејн, но не успеаа да најдат заеднички јазик со Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Сити се надеваат дека ќе можат да го убедат Леви на лето, бидејќи Кејн се уште не ставил потпис на нов договор.
Кејн е прв избор на Гвардиола, а „граѓаните“ се спремни да понудат 100 милиони фунти за неговиот потпис. Самиот голгетер инсистира да се пресели на „Етихад“, па Тотенхем најверојатно ќе ја прифати понудта.
„Спарси“ веќе имаат најдено замена и сумата која ќе ја добијат од Кејн ќе ја потрошат на доведување на Лукаку.
Белгиецот сака да го напушти Челзи и е спремен повторно да соработува со Конте, бидејќи под негова палка ги одигра најдобрите сезони во кариерата.