Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Ова стана спорт за татини синови

Хамилтон: Ова стана спорт за татини синови

Луис Хамилтон отворено зборуваше против се повеќе примери на богати татини синови кои добиле шанса да се натпреваруваат во Формула 1.

Најновиот пример е Никита Мазепин чиј татко е главен спонзор на Хаас, а како главен услов му бил неговиот син да има место во еден од болидите. Младиот Русин, барем за сега, се покажа како промашување. Во првата трка сезонава излета во првиот круг, а во останатите три трки резултатите му беа катастрофални.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен него, во Формула 1 се Ленс Строл и Николас Латифи, кои исто така не би биле на стазата доколку не биле нивните пребогати татковци.

„Во иднина мора нешто да се промени во Формула 1, да биде подостапна за луѓето како мене. Овој спорт стана клуб за синовите на милијардерите, а тоа не беше така кога јас започнував. Нема никакви шанси со обични, работнички родители денеска да се пробиеш во Формула 1. Сите останати имаат толку многу пари што со тоа не можете да се носите.“ – рече Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…