Дома Фудбал Германија Хамбургер за прв пат во својата историја во Цвајт навивачите го прекинаа натпреварот (Видео)

Хамбургер за прв пат во својата историја во Цвајт навивачите го прекинаа натпреварот (Видео)

Уште од основањето на Бундес лигата во 1963 година ХСВ беше редовен учесник, но од наредната сезона овој клуб нема да биде дел од елиното друштво.

Поранешениот шампион на Европа во последните години некако успеваше да се спаси во самата завршница на сезоната, но овој пат тоа не им успеа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако денес фудбалерите на Хамбургер славеа со 2:1 тоа не им беше доволно да стигнат до 16 позиција и плеј-офот за опстанок, па му се придружија на Келн во Цвајт. Во продолжението од натпреварот на теренот влегоа бројни незадоволни навивачи, а во еден момент буквално стадионот гореше, па натпреварот не можеше да биде доигран.

Интересна беше и борбата за Лигата на шампионите. Баерн и Шалке од претходно ги имаа обезбедено своите позиции, а жестока борба се водеше за третото, четвртото, па и за патото и шестото место.

Хофенхајм со 3:1 славеше против Борусија Дортмунд и се пласираше во Лигата на шампионите, оди и Боруија без разлика што загуби, додека Баер Леверкузен кој славеше денес против Хановер со 3:2 ќе мора да се задоволи со лигата на Европа.

Лајпциг добар дел од сезоната беше во врвот, но на крајот заврши на шестата позиција и ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа. Денес овој клуб славеше со 2:6 на гостински терен против Херта

Бундес лига 34 коло:

Баер – Хановер 3:2

Баерн – Штудгарт 1:4

Фрајбург – Аугусбург 2:0

ХСВ – Борусија Менхенглдабах 2:1

Херта – Лајпциг 2:6

Хофенхајм – Борусија Дортмунд 3:1

Мајнц – Вердер 1:2

Шалке – Франкфурт 1:0

Волфсбург – Келн 4:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…