Дома Останати Кошарка Teнзично е во Лејкерс: Дончиќ тргна да се тепа со тренерот (Видео)

Teнзично е во Лејкерс: Дончиќ тргна да се тепа со тренерот (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео кое привлече големо внимание на спортската јавност во Лос Анџелес.

Во центарот на вниманието беа тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, и Лука Дончиќ.

Како што може да се види на видеото, Редик и Дончиќ имаа кратка вербална расправија откако тренерот на Лејкерс реши да го повлече од игра својот најдобар кошаркар. Овој потег очигледно не му се допадна на словенечкиот играч.

Во еден момент другите играчи мораа да го смират Дончиќ, но ситуацијата брзо се реши и не дојде до поголем инцидент.

Лејкерс на крајот го совладаа тимот на Сакраменто Кингс со резултат од 128:104, а Дончиќ беше најефикасниот во својот тим со 28 поени, пет скокови и девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…