Дома Фудбал Останато Официјално: Бундес лигата од наредната сезона на „Спорт Клуб“

Официјално: Бундес лигата од наредната сезона на „Спорт Клуб“

Oна што веќе беше најавено претходно, денес доби официјална потврда – „Спорт Клуб“ телевизијата потврди дека од наредната сезона ќе ја пренесува германската Бундес лига.

„Бундес лигата, Бундес лигата 2 или популарната Цвајт како и натпреварите од германскиот Суперкуп и најважните натпревари од плеј-офот на крајот од сезоната ќе се емитуваат на каналите на телевизијата Спорт Клуб, која соработува со компанија „Јунајтед Медија“. Новиот договор ќе важи од август 2021 и ќе важи заклучно со сезоната 2024/2025“, стои во соопштението.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа помеѓу редови од „Спорт Клуб“ потврдија дека шпанската Ла Лига повеќе нема да се пренесува на нивните канали, најверојатно од идната сезона шпанскиот фудбал ќе се пресели на „Арена Спорт“.

„Спорт Клуб со ова ја заокружи понудата на врвна спортска содржина која ги опфаќа Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на Нации, најважните кошаркарски натпреварувања – Евролига и Еврокуп како и ЕП и СП во кошарка. Исто така на каналите на „Спорт Клуб“ ќе може да ги гледате АТП Мастер турнирите од серијата 1000 и 500 како и Вимблдон, АТП Куп и Дејвис Куп. Во новата сеозна повторно ќе се гледаат и трките во Формула 1 како и МОТО ГП и американскиот НФЛ, а новитет е хокеарскиот спектакл НХЛ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…